НЕКА ПРОДОЛЖАТ ВАКВИТЕ УБАВИТЕ ОДБОЈКАРСКИ МОМЕНТИ

ТИЕ СЕ НАШИТЕ ЈУНАЦИ: Победничка слика од Будимпешта!

Најдобрата машка одбојкарска репрезентација стартуваше успешно во квалификациите за пласман на Европското првенство 2019.

објавено: 15 август 2018 - 21:32

Денеска нашата селекција на првиот натпревар во Будимпешта оствари една тешка, но многу важна победа на гостувањето во Будимпешта против Унгарија со 3:2.

На маки се познаат јунаците, храброто срце на избраниците на селекторот Матијашевиќ успешно ја започнаа мисијата на патот кон учество на континенталниот собир.

Следниот исто така битен дуел нашите одбојкари ќе го имаат в сабота на 18. август против репрезентацијата на Украина. Среќно, момци!!!

Најново во Други спортови