ЛЕГЕНДАРНО ИМЕ НА КЛУПАТА НА НАШАТА ОДБОЈКАРСКА СЕЛEКЦИЈА

Травица е новиот селектор на одбојкарите

Од денеска „спартанците" имаат нов предводник. Љубомир Травица ќе ги предводи во квалификациите за ЕП и Европската лига

објавено: 2 мај 2018 - 11:37

Љубомир Травица, едно од најпознатите имиња во одбојката во Европа е новиот селектор на нашата најдобра репрезентација. Тоа го објави утрината Одбојкарската Федерација.

Тоа значи дека „спартанците" добија легендарно име кои ќе ги предводи во квалификациите за ЕП и Европската лига. Травица доаѓа на местото на Драгутин Балтиќ.

Најново во Други спортови