СЕЛЕКТОР ЗА ЕДНА АКЦИЈА

ТРАВИЦА ЗАМИНУВА: Одбојкарите остануваат без предводник

Љубомир Травица заминува од позицијата селектор на националниот тим. Тој ја водеше Македонија од мај годинава.

објавено: 16 јуни 2018 - 19:03

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија останува без предводник, откако Љубомир Травица даде до знаење дека заминува од селекторската функција во националниот тим.

Травица на клупата на селекцијата седна во мај годинава и ги водеше одбојкарите само во натпреварите од Сребрената Европска лига.

Тимот во чувствителен момент останува без главен стратег со оглед на тоа дека одбојкарите ќе настапат на Медитеранските игри во Тарагона (22 јуни - 1 јули), а потоа во август ги очекуваат квалификациите за ЕП 2019.

Неофицијално, актуелниот помошник тренер, Деан Стојанов ќе го води тимот на Игрите во Тарагона, додека за квалификациите ќе се бара ново решение.

Најново во Други спортови