ПРВ ЗАГУБЕН СЕТ ЗА ЛИДЕРОТ

Универзитет Тетово без пораз, но Виктори Волеј зема им сет

„Студентките" останаа со максимален ефект по четири одиграни кола...

објавено: 12 ноември 2017 - 22:40

Одбојкарките на Универзитет Тетово ја продолжија победничката серија во Првата лига. Подобри беа „студентките" од Tетово и од составот на Виктори Волеј, славеа победа од (3:1), доволна за максимален ефект по четири одиграни кола.

Но го загубија и првиот сет во овој прв дел од шампионатот, оној третиот на средбата одиграна во Тетово.
Струмичанки добро му парираа на водечкиот тим, и со право потврдија зошто се во горниот дел од табелата заедно со екипата на Наковски Волеј кој со минимални (3.2), победи на гости кај Бами Кор.
Со ист резултат, до прва победа во првенството дојдоа и одбојкарките на Пелистгер. Тимот од Битола беше подобар од УГД Студент, па сега без победа останува само екипата на Македонија Макс од Струмица која нешто подоцна ќе го одигра својот меч со екипата на Планет од Скопје.

Најново во Други спортови