ВЕЧЕРВА (20:30 Ч) СЕ ИГРА ВТОРИОТ МЕЧ ОД ФИНАЛНАТА СЕРИЈА

Вардар оди на 2:0, Струмица на брејк

Првиот меч го добија скопските „црвено - црни" со 3:0 и тоа среде Струмица во одбојкарскиот плеј-оф

објавено: 4 мај 2018 - 14:30

Вечерва во салата „Градски парк" во Скопје ќе се одигра вториот меч од финалната серија во плеј - офот во одбојкарскиот шампионат на Македонија. Вардар и Струмица, тоа е финалето во кое во овој втор меч секој си има свои сметки.
Домаќинот сака со победа да дојде на чекор од освојување на шампионската титула, така би имал водство од 2:0, првак ќе биде онаа екипа која прва ќе дојде до три победи. Но кој може да ја отпише Струмица, која како актуелен првак ќе оди на брејк, односно на израмнување.
Да кажеме дека на првиот меч, одигран пред два дена во Струмица, гостите од Скопје славеа со чисти и максимални 3:0.

Најново во Други спортови