Полска е наредната дестинација на најдобриот наш одбојкар

ВРАЌАЊЕ ВО ЕЛИТАТА: Ѓоргиев пред трансфер во Решовија

Капитенот на националниот тим, својата богата кариера ќе ја продолжи во еден од најдобрите полски тимови

објавено: 21 април 2017 - 11:17

Најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓоргиев својата кариера ќе ја продолжи во полскиот колектив Асеко Решовија. По завршувањето на договорот со Торај ероусм, Нико ќе се врати во Европа, каде што ќе биде нов член на силниот полски тим кој има високи амбиции.

Решовија настапува во Лигата на шампионите и оваа сезона беа елиминирани во плеј-офот. Додека, пак, во домашното првенство во полуфиналето исто така од плеј-офот беа поразени од Белчатов.

Нашиот најдобар одбојкар ги негираше ваквите гласини.

Почетоците на богатата кариера на Ѓоргиев е во Струмица, а потоа следеа Раднички Крагуевац, Јога Форли, Малије Мили Пјанго, Париз Волеј по што следеше трансфер во Торај.

Најново во Други спортови