Во атак на најсјајниот медал што ни недостасува

За полесно да се освои одбојкарското злато - Македонија кандидат за организатор на фајналфор турнирот во Европската лига

Одбојкарската федерација на Македонија и машкиот национален тим се кандидати за организација на финалниот турнир во Европската лига 2018

објавено: 3 јануари 2018 - 14:40

Одбојкарската федерација на Македонија и машкиот национален тим се кандидати за организација на финалниот турнир во Европската лига 2018.
ОФМ веќе поднесе апликација, а ако успееме Скопје и спортскиот центар „Борис Трајковски" ќе бидат домаќини на завршницата на 15. и 16. јуни. 
Македонија влегува во сериозна трка, со оглед на тоа дека како единствен противкандидат во моментов ја имаме само Австрија, а рокот за аплицирање завршува на 31 јануари. Потоа Европската конфедерација ќе ги разгледа апликациите и ќе одлучи на кој ќе му ја додели организацијата.
За македонските одбојкари ова ќе биде петто учество во низа во Европската лига, а досега освоија три сребрени медали едноподруго, додека во премиерата завршија на третото место.

Најново во Други спортови