Медитерански игри (МИ) ТАРАГОНА 2018

Одбојкарите тесно поразени од Египет

Во својот прв настан на МИ 2018, во крајно неизвесен натпревар, машката македонска одбојкарска репрезентација го загуби натпреварот од соодветната репрезентација на Египет со резултат 3:2.

објавено: 22 јуни 2018 - 18:41

Најпрвин Египќаните поведоа со 1:0 освојувајќи го првиот сет со 26:24, а со иста мера возвратија нашите репрезентативци за израмнување.

Противникот повторно беше во позитива, откако третиот сет го освои со 25:23, и на ист начин нашите одбојкари донесоа нов егал. И во решавачкиот сет ривалите беа подобри со 15:11.

Одбојкарите и покрај поразот имаат можност утре против репрезентацијата на Шпанија со победа да обезбедат пласман во 1/4 финалето.

Најново во Други спортови