Македонија домаќин на балканскиот шампионат

300 триатлонци викендов на БП во Охрид

објавено: 11 септември 2018 - 13:45

Од 14 до 16 септември, Охрид и Македонија ќе бидат домаќини на Европскиот Триатлон куп и Балканското првенство во триатлон во организација на Триатлон Федерација на Македонија.

На овој настан се очекува учество на над 300 натпреварувачи од околу 20 земји, а истиот ќе ги опфати сите возрасни категории, почнувајќи од кадети, па се до сениори. Настанот ќе започне со натпреварот во пливање на „Бафало бич", потоа следуваат велосипедските трки до „Свети Стефан" и на крајот трчање повторно до „Бафало Бич". За првпат ќе биде одржан штафетен триатлон, дисциплина која ќе биде промовирана и на ЛОИ во Токио 2020 година. Македонија во сите дисциплини ќе биде преставена со околу 60 натпреварувачи.

„Во сениорска категорија ќе не преставува Калина Пауновска, која тренира во САД, во јуниорските категории ќе биде Цветко Митревски и Бојана Георгиевска, додека во кадетска конкуренција ќе имаме 8 натпреварувачи. Со оглед на резултатите, искрено очекувам дека ќе имаме одлични настапи", изјави Иван Михајловски, претседателот на Триатлон федерацијата на Македонија.

Најново во Други спортови