ПРОДОЛЖУВААТ ВО ПОБЕДНИЧКИ РИТАМ

Алкалоид моќен против Санкт Петербург, на ред е дербито со Падова

Шахистите на Алкалоид ја запишаа четвртата победа во низа на Европскиот куп на шампионите, го совлааа руски рускиот Медни Всадник – Санкт Петербург.

објавено: 16 октомври 2018 - 08:45

Шахистите на Алкалоид и по четвртото коло на Европскиот куп на шампионите остана непоразен. „Фармацевтите“ го совладаа рускиот Медни Всадник – Санкт Петербург со 3,5-2,5. На првата табла Лирен Динг беше подобар од Петер Свидлер, а победа забележа и Петар Елјанов на петтата табла.

Следен противник на шахистите на Алкалоид е италијанска Падова, која исто така има максимални 8 бода, двете екипи се на врвот од табелата.

Вториот наш претставник ШК Гамбит мина победнички во четвртото коло, беше подобар од Реабл Спорт од Естонија со 3,5-2,5. Габит има 5 бода, две победи, реми и еден пораз.

 

Најново во Други спортови