ДЕРБИ НА ЕВРОПСКИОТ КЛУПСКИ КУП ВО ШАХ

Алкалоид ремизираше со Падова

Во петтото коло шахистите на Алкалоид се сретнаа со тимот на Обиетиво Рисарцименто Падова од Италија на европскиот клупски куп.

објавено: 17 октомври 2018 - 12:31

Мечот заврши нерешено 3:3, ремизираа Лирен Динг, Јангји Ју, Дмитри Андрејкин и Дмитри Јаковенко, единствената победа со бели фигури ја забележа Јуриј Криворучко (1:0) против Сабино Брунело.

Од друга страна, пак, пораз доживеа Павел Елјанов со црни фигури од Даниеле Вокатуро (0-1). Алкалоид после пет мечеви е на четвртото место, зад Падова, АВЕ Нови Бор (Чешка) и Валеренга Сјаклуб.

Според програмата, следен противник на ШК Алкалоид е норвешкиот тим на Валеренга Сјаклуб на чија прва табла се наоѓа светскиот шампион Магнус Карлсен.

Најново во Други спортови