Историја за Австриецот

Алта Бадија е тврдина на Хиршер, рекордна петта победа во велеслалом за светскиот првак

Светскиот првак во велеслалом, Марсел Хиршер е неприкосновен во Алта Бадија и по петти пат по ред беше најбрз на оваа патека, што е рекордно достигнување

објавено: 17 декември 2017 - 13:39

Светскиот првак во велеслалом, Марсел Хиршер е неприкосновен во Алта Бадија и по петти пат по ред беше најбрз на оваа патека, што е рекордно достигнување.

Никој пред него не успеал да забележи толку победи во серија, а актуелниот шампион славеше на убедлив начин со една секунда и 70 стотинки предност пред Кристоферсон од Норвешка и Словенецот Жан Крањец, кој доцнеше за една секунда и 82 стотинки зад победникот. Крањец е првиот Словенец што воопшто се најде на победничкиот подиум во Алта Бадија. 

Најново во Други спортови