Нашата претставничка плива одлично на СП

Ана „апсолутна“ на 100 метри слободно

Нашата најдобра пливачка со времето од 55:98 секунди постави нов апсолутен рекорд на Македонија во дисциплината 100 метри слободно и со тоа го освои 45. место во конкуренција на 127 натпреварувачки

објавено: 7 декември 2016 - 17:21

Анастасија Богдановски забележа нов апсолутен рекорд на Македонија во дисциплината 100 метри слободен стил. Нашата најдобра пливачка, на Светското првенство на базени од 25 метри во Винздор Канада, оствари време од 55:98 секунди. Со тоа, Ана го подобри своето најдобро претходно остварување од 56:76 секунди. Новото остварено време беше доволно за да се освои 45. место во конкуренција на 127 пливачки.

Ова беше трет настап за Богдановски на Мундијалот. Вчера таа се појави на 200 метри слободно каде што имаше нов рекорд во време од 2:01.27 минути. Додека на 100 метри грбно, Анастасија забележа остварување од 1:03.93 минути, што воедно претставува и нов апсолутен рекорд на Македонија.

Најново во Други спортови