КАМ-БЕК ЗА ДВОКРАТНАТА ШАМПИОНКА ОД СВЕТСКИОТ КУП

Ана Фајт се враќа во Земеринг

Двократната шампионка од Светскиот куп во алпско скијање, Австријката Ана Фајт, која до лани беше позната по моминското презиме Фенингер, се враќа на скијањето во вторник во Земеринг, во прва трка од март 2015

објавено: 26 декември 2016 - 17:15

Фајт ги скина лигаментите на коленото при пад на тренинг на 21 октомври 2015, на само три дена пред стартот на Светскиот куп. Таа беше во формата на својот живот од Олимпијадата во Сочи во 2014, освојувајќи ги титулите од СК во 2014 и 2015.

„Подготвена сум за враќање. Физички се уште не сум на највисокото ниво, како пред повредата, но имам доволно прогрес и сакам да се вратам на скии“, вели олимписката шампионка во супер-џи.

Таа најави кам-бек пред стартот на сезоната, но реши да паузира уште неколку месеци за да ја врати физичката сила. Нејзиниот кам-бек доаѓа пред враќањето на уште една повеќекратна шампионка од Светскиот куп, Американката Линдзи Вон во јануари.

 

Најново во Други спортови