МАКЕДОНИЈА ГО ДОБИ ПРВИОТ ОСВОЈУВАЧ НА МЕДАЛ

Георгиевска со историска бронза во Тунис (ФОТО)

Анамарија Георгиевска (-59 кг) на светско јуниорско првенство во таеквондо го освои бронзениот медал, кој е прв за еден македонски репрезентативец на светските првенства.

објавено: 13 април 2018 - 17:40

Анамарија Георгиевска (-59 кг) на светско јуниорско првенство во таеквондо го освои бронзениот медал, кој е прв за еден македонски репрезентативец на светските првенства.

Анамaрија во Хамамед – Тунис, во полуфиналето загуби од фаворитката Ју А Парк од Јужна Корeа со 14-21. Со овој пласман обезбеди виза за младинските Олимписки игри во Буенос Аирес во Аргентина ова лето.

На патот до полуфиналето Георгиевска забележа три победи против Тока Хасанод Египет, Гианела Еволо од Аргентина и во полуфиналната борба ја победи фаворитката од Иран, Махса Киадлари!

Златниот медал во оваа категорија го освои Србинката Серџа Стевиќ, а втората бронза и припадна на Лилија Кузина од Русија.

Филип Стаменов (-59 кг) загуби од Јанг Јун Ли од Јужна Кореа 5-30, а Ива Поповска е поразена од Нуран Елшорбаги од Египет 12-34.

Најново во Други спортови