СНОУБОРДОТ НА ГРАНИЦА НА РЕГУЛАРНОСТА

Андерсон ја одбрани титулата од Сочи

Американката Џејми Андерсон, го освои златниот олимписки медал на игрите во Пјончанг во дисциплината атлетски фигури (слопстајл).

објавено: 12 февруари 2018 - 10:35

Американката Џејми Андерсон, го освои златниот олимписки медал на игрите во Пјончанг во дисциплината атлетски фигури (слопстајл).
На тој начин 27 годишнaтa сноубордерка ја потврди доминацијата која ја реализираше и пред четири години на Олимпијадата во Сочи.


Во финалето беше далеку подобра од канаѓанката Лори Блоин, додека пак на третото место беше девојката од Финска, Ени Рукајарви, која на минатата Олимопијада во Русија беше втора.
Инаку, натпреварувањето беше реализирано во скоро невозможни услови, со силен ветере, во кој само пет натпреварувачќки го заврпија рвиот дел без да паднат.
На сите присутни им запре здивот кога преставничката на Словачка Клаудиа Медлова имаше тешко паѓање на грб. Сепка се појави и во второата серија, и заврши на 24 позиција во вкупниот поредок.


„Беше тешко да се настапи во вакви временски неприлики, меѓутоа за сите беше исто. Мислев дека нема ни да има втора серија, но искрено, тоа не е важно. Пресреќна сум“ – изјави Андерсон по победата.

Најново во Други спортови