ПРЕД ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ПЈЕОНГЧАНГ

Анти-допинг организациите бараат суспензија за Русија

17 национални анти-допинг агенции побараа Русија да добие суспензија од Олимписките Игри во Пјеонгчанг, Кореја во 2018 година

објавено: 14 септември 2017 - 18:00

На помалку од пет месеци пред стартот на Игрите, групата тврди дека Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) ги поставува „чистите спортисти“ под закана со одбивањето да ја „казни Русија за најголемиот скандал во историјата на спортот“. Тие додаваат дека постои докажана корупција за Олимпијадата во Сочи во 2014 година и дека повторно Русија избегнува одговорност.

Минатата година, независниот извештај на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) објави државна допинг-програма во Русија, но ИОЦ не реагираше.

Националните организации кои бараат суспензија на Русија се тие на Австрија, Австралија, Канада, Данска, Финска, Франција, Германија, Ирска, Јапонија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Сингапур, Шведска, Велика Британија и САД, како и Институтот на национални анти-допинг организации.

Најново во Други спортови