47 ИЗДАНИЕ НА ЗЛАТЕН ГОНГ

Асанов и Илиоски за златните медали и ГОНГОТ!

Со полуфиналните мечеви во Скопје започна 47. издание на меѓународниот боксерски турнир „Златен Гонг", на кое учество пријавија над 40 боксери од седум држави.

објавено: 11 ноември 2017 - 12:10

Македонија епретставена од седуммина боксери и тоа: Алмир Нуришов, Денис Муаремовски, Јасин Лама, Артан Алиу, Лулзим Имслаили и Алим Насуфи.

Но по полуфиналната серија на мечеви, нема многу радосни вести за нашиот бокс, затоа што пласман во финалните борби обезбеди само Елес Асанов кој во македонскиот дуел во категоријата до 54. килограми со 3:0 го победи Гоше Гошев, како и Трајче Илиоски кој со 2:1 беше подобар од Алпај Демиров во категоријата до 63 килограми.


РЕЗУЛТАТИ ПОЛУФИНАЛЕ
54 кг: Гоше Ѓошев – Елес Асанов 0:3
60кг: Денис Муаремовски – Зенели Кренар (Алб) 1:2
60кг: Матео Комадина (Хрв) – Љама Јасин 3:0
63кг: Трајче Илиоски – Алпај Демиров 2:1
64кг: Демјан Грмуша (Срб) – Виолант Сулејмани 1:2
69кг: Љуљзим Исмаили – Лазар Станојевиќ (Срб) 1:2
69кг: Венхард Хазирај (Кос) – Алим Насуфи 2:1
75кг: Александар Атанасов – Стефан Паниќ (Срб) 0:3
75кг: Арменд Незирај (Кос) – Арјон Кајоши (Алб) 1:2
81кг: Беким Вјерда (Алб) – Филип Станковиќ (Срб) 2:1
91кг: Емилијан Хедику (Алб) – Фран Ходак (Хрв) 1:2
91кг: Марко Дочиќ (Срб) – Фисник Мухареми (Кос) 3:0

 

Најново во Други спортови