ПОРАДИ ПОНИШТЕНИ РЕЗУЛТАТИ

Австралијците бараат истрага на ОИ во 1948 и 1980

Атлетската федерација на Австралија поднесе барање за истрага на финалето во троскок на Олимписките игри во Москва во 1980 година.

објавено: 25 јули 2015 - 20:47

Од федерацијата тврдат дека Јан Кембел имал скок кој сигурно би му донел злато. Исто така, се бара и истрага на финалето на 200 метри на ОИ во 1948 година, во кое австралиската атлетичарка Ширли Стрикленд де ла Ханти завршила четвртопласирана, а според снимките требало да биде трета и да освои бронза.

Кембел во Москва пред 35 години скокна меѓу 17,39 и 17,89 метри, што тогаш ќе му донесеше светски рекорд и злато. Но, тој е казнет затоа што со стапалото го закачил тлото при почетната фаза на скокот. 

Најново во Други спортови