ИОК ПОДГОВУВА ИНТЕРЕСНА КАЗНА

Без интонирање на руска химна на зимската Олимпијада?

Во Интернационалниот олимписки комитет разгледуваат разни видови на санкции спрема руските спортисти „предизвикани" по серијата на допинг скандали...

објавено: 6 ноември 2017 - 22:45

Големиот број на допинг скандали кои веќе неколку години го потресуваат рускиот спорт, пред се, атлетиката и зимските спортови, ги натераа челнците од меѓународниот олимписки комитет да размислат и за тоа како би можеле да стават крај на една таква нималку посакувана појава во светот на спортот.

Секако, во прашање се санкции, и тоа различни, па моментално, како што се цитира еден весник како „Њујорк тајмс" кој вели дека се размислува за тоа да им биде забрането присуството на руската елегација и на натпреварувачите на свеченото дефиле на отворањето на зимските олимписки игри 2018 година во Јужна Кореја.
Или пак да има потполна забрана за интонирање на руската химна на доделувањето на медалите.
Одлуката најверојатно ќе биде донесена во текот на декември, кога треба да се состане Извршниот одбор на ИОК.
Од рускиот олимписки комитет пак стигнува и пораката која вели дека и нема да се натпреваруваат, пред се ако мора да настапуваат под неутрално знаме.
Зимските олимписки игри, 23. по ред, ќе се одржат во периодот од 9. до 25.февруари наредната година во јужнокорејскиот град Пјончанг.

Најново во Други спортови