НА ПАРАСВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО ВО ЈУЖНА КОРЕЈА

Бикова со бронза и норма за Параолимписките игри во Токио 2020

Нашата параолимпијка не само што освои бронзен медал и обезбеди норма за Параолимписките игри во Токио 2020, туку израмни и светски рекорд.

објавено: 7 мај 2018 - 14:40

Македонската репрезентативка Оливера Наковска – Бикова го потврди своето учество на следните Параолимписки игри, во Токио 2020 година, откако на Парасветското првенство во стрелаштво во Чеонгју, Јужна Кореја, таа го освои бронзениот медал.

Нашата параолимпијка не само што се закити со бронза и обезбеди норма за Токио 2020, туку израмни и светски рекорд во дисциплината воздушен пиштол. Во конкуренција на 31 натпреварувачка го изедначен светски рекорд од 570 кругови, а во финалето го освои третото место со резултат од 214,3 кругови.

Покрај дисциплината воздушен пиштол, македонската репрезентативка пукаше и во дисциплината спортски пиштол – 25 метри и со резултат од 569 кругови влезе во финалето како четвртопласирана. Сепак, во финалето заврши како шеста.

За Наковска – Бикова ова е трет бронзен медал во серија, откако претходно се радуваше и на СП 2010 во Загреб, односно на СП 2014 во Сул.

Најново во Други спортови