Македонката имаше солиден првнастап на СП

Богдановски со нов рекорд на 200 метри слободно

Нашата пливачка забележа време од 2:01.27 минути кое е нов македонски рекорд на 200 метри слободен стил. Тоа беше доволно да се освои 31. место од 86 натпреварувачки

објавено: 6 декември 2016 - 23:07

Анастасија Богдановски оствари нов државен рекорд во дисциплината 200 метри слободно, на Светското првенство на мали базени (25 метри) во Винздор, Канада. Нашата најдобра пливачка целта ја мина за 2:01.27 минути. Тоа воедно беше доволно да се освои четвртото место во групата, односно 31 во генералниот пласман во конкуренција на 86. учеснички. Досегашниот рекорд на базени во должина од 25 метри беше во сопственост на Симона Маринова кој изнесуваше 2:03.74 минути. Ова е одлична најава за нашата пливачка која и утре ќе треба да плива на Мундијалот во Канада и тоа во дисциплината 100 метри слободно.

Најново во Други спортови