БИТОЛСКИОТ ТИМ ЗАСЕГА НАЈУСПЕШЕН

БОКС: Пелистер „граби“ кон титулата

Битолскиот тим има солидна предност пред конкурентите, и се наоѓа на добар пат на освојување на првото место

објавено: 17 мај 2018 - 16:30

Боксерскиот клуб Пелистер од Битола, има солидна предност на табелата после одржаното 4. коло во Првата македонска лига во бокс. Преостануваат уште четири кола кои ќе се одржат до крајот на летото, а амбициите се да се задржи првата позиција. 

И покрај овие успеси, боксерскиот клуб е со празен буџет, па од клубот апелираат до надлежните за поддршка. 

Во сениорската конкуренција за БК Пелистер настапуваат: Јове Петровски, Денис Муаремовски, Никола Бубевски и Александар Најдовски, во младинска конкуренција каде Пелистер го држи четвртото место за Пелистер настапуваат Оран Шакиров, Рамон Казимов, Петар Марковски и во категоријата на деца: Симар Исмаилов. Тренери на БК Пелистер се Александар Димовски кој е активен натпреварувач и Златко Мурџевски.

Димовски е актуелен и успешен натпреварувач, како во земјава така и на меѓународните натпревари.

Најново во Други спортови