СЕРИОЗНИ ЗАКАНИ ОД ИОК

Боксот може да го загуби олимпискиот статус

Боксот може да биде исфрлен од Олимписките игри во Токио 2020 година, а причините се наместени натпревари и криминал

објавено: 8 мај 2018 - 20:14

Боксот може да го загуби статусот на олимписки спорт и да биде исфрлен од Олимписките игри 2020 во Токио, предупредува Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).

Главната причина за ваквиот став се проблемите кои ги има Меѓународната организација на аматерскиот бокс (АИБА), која управува со спортот, а чии привремен претседател, Узбекистанецот Гафур Рахимов е поврзан за организиран криминал и е вмешан во трговија со хероин. Дополнително влијаат и тврдењата за наместени натпревари на ЛОИ во Рио 2016.

Сето ова сериозно го нарушува интегритетот на АИБА, која истовремено се соочува и со финансиски проблеми, па ИОК побара дополнителни информации во пресрет на состанокот во јули, кога ќе се знае и судбината на боксот на Олимпијадата во Токио.

Најново во Други спортови