Ни крив, ни должен

Болт остана без еден од трите златни медали од ОИ во Пекинг

Јамајка остана без златниот медал на штафетната трка 4x100 метри од Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, откако Неста Картер беше позитивен на тестот за реанализа на допинг примероци.

објавено: 25 јануари 2017 - 15:45

Најдобриот спринтер на сите времиња, Јусеин Болт остана без една од златните олимписки медали, па сега ќе има осум, наместо девет.
Станува збор за златниот медал од штафетната трка 4x100 на Олимпијадата во Пекинг 2008 година, а причината за одземањето на истата е неговиот соиграч, Неста Картер, кој бил допингуван. Нешто што одамна беше познато, а сега е донесена одлуката.

МОК открива дека Картер бил позитивен на збранетата сустанцијата метилхексанамин. Картер и Болт беа соиграчи на штафетната трка на 4x100 метри во тимот на Јамајка на ОИ во Пекинг 2008 година.

Јамајка ќе мора да ги врати соодветните медали и дипломи.

Најново во Други спортови