Повторно немаме претставник во главната трка

Божиновски без финиш на квалификациите во велеслалом

Македонецот не успеа да ја заврши првата квалификациска трка во велеслалом и со тоа се најде меѓу 32. скијачи кои што не ја минаа крајната цел. Ваквиот расплет значи и дека е завршен неговиот настап на ова Светско првенство

објавено: 17 февруари 2017 - 15:20

Нов блед настап на македонските скијачи на Светското првенство во Сент Мориц. Нашиот млад натпреварувач, Лука Божиновски не успеа да ја заврши првата квалификациска трка во велеслалом.

Со тоа, Божиновски се најде меѓу 32. натпреварувачи кои што не успеаа да ја минат крајната цел, додека, пак еден скијач беше дисквалификуван.

Нашиот натпреварувач остана без можност да се појави и во втората трка и со тоа го заврши својот настап на ова Светско првенство.

Најново во Други спортови