ИЗБОР НА НАЈДОБРИТЕ МАКЕДОНСКИ КАРАТИСТИ ЗА 2017 ГОДИНА

Браќата Недеви и Ангеловски - најдобри меѓу најдобрите

Врз основа на постигнатите врвни спортски резултати во 2017 година, Управниот одбор на МТКФ на последната седница донесе одлука за наградување на најдобрите Македонски каратисти за 2017 година.

објавено: 30 декември 2017 - 15:40

Врз основа на постигнатите врвни спортски резултати во 2017 година, Управниот одбор на МТКФ на последната седница донесе одлука за наградување на најдобрите Македонски каратисти за 2017 година и тоа:

НАЈДОБАР КАРАТИСТ (СЕНИОР)

1. ДЕЈАН НЕДЕВ/АЉОША НЕДЕВ/МАТЕЈ АНГЕЛОВСКИ (НАЈДОБРИ СЕНИОРИ) – СВЕТСКИ ШАМПИОНИ ВО КАТА ТИМ ЗА СЕНИОРИ НА СШ ВО МОНТЕКАТИНИ, ИТАЛИЈА
ДЕЈАН НЕДЕВ – 1 МЕСТО ВО КАТИ-ПОЕДИНЕЧНО НА СВЕТСКИОТ ФУДОКАН ШАМПИОНАТ ВО КЛУЖ, РОМАНИЈА, 1 МЕСТО ВО КАТИ-ПОЕДИНЕЧНО НА ЕВРОПСКИОТ КУП ВО ВИЕНА, АВСТРИЈА И 3 МЕСТО ВО КАТИ-ПОЕДИНЕЧНО НА СШ ВО МОНТЕКАТИНИ ИТАЛИЈА
МАТЕЈ АНГЕЛОВСКИ - 1 МЕСТО ВО ФУКУГО, 1 МЕСТО ВО КОГО КУМИТЕ И 3 МЕСТО ВО ЕНБУ НА СШ ВО МОНТЕКАТИНИ, ИТАЛИЈА, СРЕБРЕН МЕДАЛ ВО КОГО-КУМИТЕ НА СВЕТСКИОТ ФУДОКАН ШАМПИОНАТ ВО КЛУЖ, РОМАНИЈА
АЉОША НЕДЕВ - 3 МЕСТО ВО КАТИ-ПОЕДИНЕЧНО НА СШ ВО МОНТЕКАТИНИ ИТАЛИЈА
2. БОЈАН БОГДАНОВИЌ - 1 МЕСТО ВО ЕНБУ НА БАЛКАНСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО БЕЛГРАД, СРБИЈА И 5 МЕСТО ВО КУМИТЕ НА СВЕТСКИОТ ФУДОКАН ШАМПИОНАТ ВО КЛУЖ, РОМАНИЈА
НАЈДОБРА КАРАТИСТКА (СЕНИОРКА):
1.ЈАДРАНКА НЕДЕВА - 4 МЕСТО ВО ФУКУГО, 5 МЕСТО ВО КОГО КУМИТЕ НА СШ ВО МОНТЕКАТИНИ ИТАЛИЈА

НАЈДОБАР КАРАТИСТ (МЛАДИНЕЦ)
1. ОГНЕН ТАСЕВСКИ И БЕРТА МИЛЕВСКА – СВЕТСКИ ШАМПИОНИ ВО ЕНБУ НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО МОНТЕКАТИНИ, ИТАЛИЈА
НАЈДОБРИ КАРАТИСТИ (ЈУНИОРКИ)
1. МИЛА САЗДОВА / БЕРТА МИЛЕВСКА / ЈАНА МИЛЕВСКА– СВЕТСКИ ШАМПИОНИ ВО КАТА ТИМ ЗА ЈУНИОРКИ НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО МОНТЕКАТИНИ, ИТАЛИЈА
НАЈДОБРИ КАРАТИСТИ (КАДЕТИ)
1. 1. ЈАНА МИЛЕВСКА/ АНТОНИЈА БЕЛАЗЕЛКОСКА / ЈЕЛЕНА ДРОБНИЌ– СВЕТСКИ ШАМПИОНИ ВО КАТА ТИМ ЗА КАДЕТКИ НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО МОНТЕКАТИНИ, ИТАЛИЈА

НАЈДОБРИ КАРАТИСТИ ДЕЦА:
МИЛА МЛАДЕНОВСКА, ИСКРА ЃЕРОВСКА, ИВАН ТРПКОВСКИ, ДИМИТРИ ВЛАХО, ВЕДРАН АНДОНОВСКИ, КАТАРИНА ДРОБНИЌ
НАГРАДЕНИ ЗА ПРИДОНЕС И РАЗВОЈ НА МТКФ:
ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ – ГРАДОНАЧАЛНИК НА ГРАД СКОПЈЕ, ДАРКО КАВЕСКИ-ДИРЕКТОР НА АМС, САША БОГДАНОВИЌ-ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ЦЕНТАР, АЦЕ МИЛЕНКОВСКИ-РЕКТОР НА УТМС,
СТОЈАН ВИТАНОВ – КК АБЦ – СТРУМИЦА, ЧИКОС КОСТА-МЖ
ТРЕНЕР НА ГОДИНАТА: РИСТО ОБРАДОВ КК АБЦ СТРУМИЦА
СЕЛЕКТОР: Г-ДИН ВЕНЦИСЛАВ НЕДЕВ – 25 ГОДИНИ СЕЛЕКТОР И ТРЕНЕР НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО ТРАДИЦИОНАЛНО КАРАТЕ.

Најново во Други спортови