СОМНЕЖИ ЗА КОРУПЦИЈА ОКОЛУ ИГРИТЕ ВО РИО

Бразилската полиција во акција Олимпијада 2016

Бразилската федерална полиција направи неколку рации во Рио де Жанеиро поради „силни докази" дека имало купување на гласови при добивањето на Олимписките игри во 2016 година

објавено: 5 септември 2017 - 18:27

Претседателот на Бразилскиот олимписки комитет (БОЦ), Карлос Нузман беше приведен, а неговиот дом претресуван. Тој е претседател на БОЦ од 1995 година и беше главен организатор на Олимпијадата во Рио, а локалните медиуми објавија дека тој бил вклучен во шема „кеш за гласови“ со главна цел - африканските делегати во Итнернационалниот олимписки комитет (ИОЦ).

Рио ги доби Игрите при гласањето во 2009 година, кога имаше 66-32 гласови во однос на Мадрид, иако загуби од шпанската престолнина во првиот круг на гласање.

Најново во Други спортови