Британија загуби освојувач на олимписки медал

Британски Олимпиец загина во Јамајка

Освојувачот на сребрен медал од Олимпијадата во Пекинг, Џермејн Мејсон загина во сообраќајна несреќа

објавено: 20 април 2017 - 17:45

Британскиот атлетичар Џермејн Мејсон кој освои сребрен медал на Олимпијадата во пекинг почина во сообраќајна несреќа.

Тој во својата родна татковина Јамајка го загуби животот откако падна од мотор, обидувајќи се да избегне кола која имала неправилно движење. Според информациите од тамошната полиција, Мејсон починал на самото место.

Џермејн во финалето во скок во височина на игрите во пекинг имаше остварување од 2.34 метри што беше доволно за сребрен медал.

Најново во Други спортови