ПО ЗЛАТОТО НА ЈАКУПИ, СТИГНА УШТЕ ЕДНО ОДЛИЧЈЕ

Бронза за Арсовски

Вториот македонски репрезентативец, Жарко Арсовски во изедначена борба со резултат 1:1 против Италијанецот Симоне Марино успеа да го освои бронзениот медал на Игрите во Тарагона

објавено: 24 јуни 2018 - 14:02

Вториот македонски репрезентативец денеска, Жарко Арсовски во изедначена борба со резултат 1:1 против Италијанецот Симоне Марино успеа да го освои бронзениот медал во апсолутна категорија над 84 килограми, бидејќи го освои првиот поен во борбата.

Со нивните настапи завршија борбите на нашите каратисти во Тарагона и засега тие се единствените медалисти со две бронзени и едно златно одличје.

Најново во Други спортови