Нов спортски настан под палката на познатиот пливач Маленко

Бугарските пливачи главни на олимпискиот маратон во Охрид

Венцислав Ајдарски и Василики Кадоглу од Бугарија се победници на новото натпреварување во Охрид, пливачкиот олимписки маратон

објавено: 12 август 2017 - 16:46

Венцислав Ајдарски и Василики Кадоглу од Бугарија се победници на новото натпреварување во Охрид, пливачкиот олимписки маратон, во организација на познатиот наш пливач Александар Маленко.

Ајдарски е прв победник нај маратонот во машка конкуренција, а во возбудлив финиш беше побрз од Холанѓанецот Марсел Шутен, со време од 1 час, 54 минути и 48 секунди. Третото место го освои македонскиот пливач Александар Илиески.

Кај дамите 14-годишната Василики Кадоглу беше најдобра со победничко време од 2 часа, 20 минути и 37 секунди. Зад неа како второпласирана патеката од 10 километри ја преплива Тјаша Возел од Словенија.

ФОТО: „ohridnews.com.mk“

 

Најново во Други спортови