МУ НЕДОСТАСУВА САМО УШТЕ ПОБЕДА ВО БИШЕСХОФЕН

Дали Штох може да биде наследникот на Ханавалд? (ВИДЕО)

Двократниот олимписки шампион Камил Штох стана само десетиот „летач" кој победил на три од оние четири први натпреварувања во ски-скокови на најпознатата европска турнеја „4 скокалници".

објавено: 5 јануари 2018 - 16:00

Двократниот олимписки шампион Камил Штох стана само десетиот „летач" кој победил на три од оние четири први натпреварувања во ски-скокови на најпознатата европска турнеја „4 скокалници".

Сепак, во историјата долга 65. години, само Свен Ханавалд успеал да ги освои сите четири скокалници т.н. „грен слем".
И тоа во далечната сезона 2001/2002.

„Кога гледате како доминира, знаците се јасни дека е прилично силен и дека ние двајцата ќе бидеме во елитната група" – вели славниот Ханавалд.

Но Пољакот засега ги одбива тие приказни секако со една цел, не сака да си наметнува дополнителен притисок пред она што следува во сабота попладне, скоковите во Бишесхофен.

„Фокусиран сум на своите скокови и на себе, исто како што бев и досега. Ќе видиме што ќе се случи"- вели 30 годишното момче од Закопане. „Сепак четирите скокалници се само едно натпреварување како и секое друго. Ги третирам како предизвик, размислувам само за она што следува. И сакам после своите скокови и понатаму да се смеам".

 Најголемиот конкурент на Шток беше Германецот Рихард Фрајтаг. Но тој падна во Инсбрук при првиот скок, а не се појави да го изведе вториот.

"Секогаш е тажно кога ќе се случи такво нешто. Се надевам дека што побрзо ќе може повторно да скока" – искоментира лидерот во Светскиот куп во ски-скокови пред онаа финална станица – Бишесхофен.   

Најново во Други спортови