Во Мусандра“ се одржа турнир по повод празникот 8. Март

Дамите куглаа (ФОТО)

Билјана Гаврилова победи на Осмомартовскиот турнир во куглање за жени кој се одржа во кугларницата „Мусандра" во Скопје. Гаврилова до победата дојде со резултат од 518 соборени дрва, со што беше подобра од репрезентативни и клупски колешки Тања Трпковска (489) и Данче Наумовска (478). Кај аматерките, најдобро се покажа Милена Лакс, која истотака доби пехар. При свеченото отворање, говор одржа директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, кој ја фрли и првата кугла, а претседателот на клубот, Предраг Николиќ, на сите учеснички им подари по една роза.

објавено: 10 март 2018 - 11:30

Најново во Други спортови