ПРОПАДНА И ПОСЛЕДНИОТ ОБИД ЗА ДОГОВОР

Дефинитивно нема НХЛ играчи на Олимпијадата

Веќе нема шанси за договор со НХЛ-лигата за праќање на најдобрите хокеари на светот на Зимските олимписки игри во Пјеонгчанг во февруари, потврди претседателот на Интернационалната хокеарска федерација (ИИХФ), Рене Фасел

објавено: 12 септември 2017 - 21:00

НХЛ уште во април најави дека не планира да учествува на Олимпијадата во Кореја поради проблемите за прекинување на игра месец дена во сред сезона. НХЛ почна да праќа хокеари на Олимпијадите во Нагано во 1998 година.

„Можам да кажам дека веже нема шанси. Мораме да гледаме кон Кина и кон Олимпијадата во Пекинг во 2022 бидејќи тоа е нивниот бизнис-интерес. Логистички веќе не е возможно да се договориме за Пјеонгчанг“, вели Фасел.

Иако лигата одбива да праќа играчи, дел од нив, вклучувајќи го Алекс Овечкин од Вашингтон капиталс најави дека ќе игра за Русија дури и да е единствениот НХЛ игра.

„Ќе видиме дали ќе се случи индивидуални хокеари да решат да дојдат“, објасни Фасел.

Најново во Други спортови