ГОРДОСТ МАКЕДОНСКА ВО СОФИЈА

Дејан Георгиевски со златен медал на Г1 турнирот, чекор поблиску до Токио!

Со четири победи во екстремно силна конкуренција нашиот таеквондо борец во категорија до 87 килограми, тигна до првото место на силниот турнир во бугарската престолнина, и освои нови бодови во рејтингот за место на Олимпијадата во Токио 2020.

објавено: 4 март 2018 - 19:30

Дејан Георгиевски со крупни члекори „патува“ до местото кое води на следните Летни Олимписки игри, оние во Токио во 2020 година.

Со четири победи во екстремно силна конкуренција нашиот таеквондо борец во категорија до 87 килограми, тигна до првото место на силниот турнир во Софоја туриор од Г-1 категорија кој се вреднува во рејтингот на место на Олимпијадата.

На овој софиски собир нашиот борец прво го победи Србинот Ѓорѓе Марчетиќ 11:4, потоа претставниот на Аргентина, Мартион Сио со 11:8, па претставникот на Јордан Хамза Каттан 11:1(поранешно второ место во свет). А во големото финале, пред Георгиевски падна и Украинецот Михаил Шелест 17:8.

Инаку на овој турнир во категоријата на Георгиевски имаше борец светска звезда со актуелно сребро од светското првенство во Кореа 2017 Махама Чо од В.Британија кој денеска беше елиминиран од Шелест во полуфиналето.
На овој успех се надоврзува и оној на Анамарија Георгиевска, сестрата на Дејан, која освои јуниорско сребро!
Дејан Георгиевски е несомнено дел од светскиот крем на овој олимписки спорт!!!

Најново во Други спортови