TРАДИЦИОНАЛЕН ЛЕТЕН КАРАТЕ СЕМИНАР И ТУРНИР

Дeјан Недев ќе „предава“ во Ларнакa

Од 18-23 јуни, во Неа Флогита, ќе се одржи традиционален летен карате семинар и турнир „НЕА ФЛОГИТА 2017".

објавено: 16 јуни 2017 - 22:05

На семинарот ќе учествуваат повеќе каратисти од Македонија, Грција, Србија и Романија, семинарот ќе биде под водство на: Шихан Венцислав Недев 9 дан и Сенсеи Дејан Недев 6 дан.

Освен тоа, м-р. Дејан Недев, за прв пат, а на покана на карате клуб од Ларнака, на 25 и 26 јуни, ќе одржи дводневен карате семинар на младите и надежни каратисти од Кипар.
По враќањето од Грција и Кипар, Македонските каратисти ќе продолжат со подготовки во Скопје за престојните меѓународни карате шампонати кој ги очекува кон крајот на годината.
Односно, Светскиот Фудокан Карате Шампионат од (3-5.11.2017) во Клуж (Романија), како и Светскиот Обединет Карате Шампионат од (1-3.12.2017) во Монтекатини (Италија).

Најново во Други спортови