„РЕД" ИМА И ВО ЈУЖНА КОРЕЈА

ДЕЛЕЛ ШЛАКАНИЦИ НА ШАМПИОНКАТА – заработи доживотна суспензија!

На две недели пред почетокот на Олимписките игри во Пјонгчанг, тренерот на домашната селекција во брзо лизгање, е суспендиран до крајот на кариерата затоа што физички ја нападнал шампионката од Сочи, Сим Сок-Хи...

објавено: 26 јануари 2018 - 23:00

Лизгачката унија на јужа Кореја (КСУ) објави дека еден тренер, чие име не се споменува, во интерна истрага признал дека ја удрил олимписката шампионка во брзо лизгање Сим Сок-Хи.

„Во изјавата тренерот навел дека Сим не го почитувала неговото мислење и дека ја удрил за да го подобри нејзиниот ефект на патеката“ – стои во објавата на оваа организација. „Се одлучивме за најтешката можна казна затоа што го разгледавме и степенот, односно тежината на постапката".

За време на истрагата, сите девет членови на Дисциплинската комисија гласале истиот да биде казнет, и дека нема да може да учествува во било кое натпреварување кое го организира или учествува КСУ.
Ќе биде заменет со друг тренер во овие дисциплини, Парк Се-Ву.
Инаку Сим Сок-Хи ја предводи женската селекција на Јужна Кореја на ЗОИ и е една од главните фаворити за медал. А на претходните игри во Сочи, го освои златниот медал во штафетата на 3.000 метри, беше втора на 1.500, и бронзена на патеката од 1.000 метри.

Најново во Други спортови