На турнирот „13 Ноември" - Ослободување на градот Скопје

„Десетка" за младите каратисти на „Макпетрол"

По повод ослободување на градот Скопје викендов во салата на Факултетот за физичка култута во Скопје, се одржа интернационалниот карате турнир ,,13 Ноември", на кој учество земаа 380 млади каратисти.

објавено: 13 ноември 2017 - 13:00

По повод ослободување на градот Скопје викендов во салата на Факултетот за физичка култута во Скопје, се одржа интернационалниот карате турнир ,,13 Ноември", на кој учество земаа 380 млади каратисти.

Турнир на кој младите каратисти на „макпетрол" реализираа многу добар резултат. Стигнаа до десет одличја.

„Овој турнир е со многу голема традиција и тој порано се одржуваше во сениорска конкуренција. Последниве години ова е турнир за помладите возрасни категории на спортисти. Ние на овој турнир учествувавме со 12 млади спортисти и успеавме да освоиме вкупно 10 медали од кои пет златни и пет сребрени. Натпреварот воедно ни послужи и како последна контрола пред Државното првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21, кое треба да се одржи следниот викенд. Сега имаме уште една недела на располагање за да ги поправиме недостатоците во тактичкиот дел и да се обидеме да бидеме успешни на Државното првенство"- искоментира Бошко Заборски, тренерот на каратистите на „Макпетрол".

Најново во Други спортови