ПРВИ ТРЕНИНЗИ ЗА НАШИТЕ ОЛИМПИЈЦИ

Динески ги „построи" Јада и Тодоровска (ФОТО)

Веднаш по церемонијата на отворањето на Зимските Олимписки игри, ги изведе своите ученици на олимписките борилишта во Пјонгчанг.

објавено: 10 февруари 2018 - 11:55

Селекторот на нордиската и биатлон репрезентација Ѓоко Динески не губи многу време.

Веднаш по церемонијата на отворањето на Зимските Олимписки игри, ги изведе своите ученици на олимписките борилишта во Пјонгчанг.

Викторија Тодоровска и Ставрe Јада веќе ги направија и првите тренинзи во новата средина на која ќе треба да се аклиматизиираат што е можно побрзо, а се со цел да ги реализираат своите поставени цели.

 

Најново во Други спортови