СЛОВЕНЕЦОТ ДОМИНИРА ОВАА СЕЗОНА

Домен и до четврта победа!

Тинејџерската атракција на Светскиот куп во скијачки скокови, Словенецот Домен Превц стигна до својата четврта победа оваа сезона, со убедлива победа на големата скокалница во швајцарскиот Енгелберг

објавено: 18 декември 2016 - 16:14

17-годишниот Превц, брат на актуелниот шампион од Светскиот куп, Петер Превц имаше скокови од 144 и 141.5 метри за да освои 305.9 поени и да победи пред Полјакот Камил Штох со 293.8 (143.5 и 141.5 метри) и Австриецот Штефан Крафт со 283.1 поени (138.5 и 138 метри). Неговиот прв скок од 144 метри е новиот рекорд на скокалницата.

Превц има убедлива предност и во генерален пласман со 540 поени пред Новежанецот Даниел Андре Танде со 382 и Крафт со 331. Петер Превц пак продолжува со потпросечните резултати, откако воопшто не се квалификуваше меѓу најдобрите 30 за втората серија.

Најново во Други спортови