СЛОВЕНЕЧКИОТ ТИНЕЈЏЕР ВО ТОП-ФОРМА

Домен Превц го става во сенка својот брат!

Словенечкиот скокач Домен Превц стигна до својата втора победа во кариерата, откако скокна од четвртото место по првата серија на скоковите од Светскиот куп во германскиот Клигентал

објавено: 4 декември 2016 - 17:04

Младиот Превц имаше најдолг скок и во првата серија од 140 метри, но поради проблеми при доскокот беше четврти, а во втората серија скокот од 141 метри му беше доволен за триумф пред Норвежанецот Даниел Андре Танде (136.5 и 143 метри), додека подиумот го комплетираше Австриецот Штефан Крафт со 138 и 140 метри.

Постариот брат на 17-годишниот Домен, актуелниот шампион од Светскиот куп, Петер Превц, кој лани доминираше од стартот до финишот на сезоната беше само 22. со скокови од 131.5 метар и 128.5 метри. Ова е првпат Домен да е на победничкиот подиум без неговиот брат.

Најново во Други спортови