ПОМОШ ПЛУС ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПЛАНОВИТЕ

Двојно поголема поддршка од АМС за маратонот

Во сабота, во Охрид ќе се одржи 31-то издание на Охридскиот пливачки маратон.

објавено: 18 август 2017 - 18:30

Во сабота, во Охрид ќе се одржи 31-то издание на Охридскиот пливачки маратон.

Ова традиционално спортско натпреварување е дел од Гран при серијата на Меѓународната пливачка федерација. И Оваа година, прекрасниот Охрид е домаќин на вкупно 22 натпреварувачи. Односно 15 натпреварувачи во машка и 7 во женска категорија.

Повторно ќе бидеме сведоци на одличната физичка и психичка подготвеност на натпреварувачите, кои во охридските води ќе го манифестираат натпреварувачкиот дух, фер плејот и желбата за успех.

Поради состојбата и последните случувања околу пливачкиот маратон во Охрид, оваа година, Агенцијата за млади и спорт одлучи да издвои двојно повеќе финансиски средства со цел да се одржи континуитетот на оваа традиционална манифестација.

 

Најново во Други спортови