АВСТРИСКАТА ШАМПИОНКА ОЧЕКУВА КАМ-БЕК ЗА ОЛИМПИЈАДАТА

Фајт нема среќа, повторно на операција

Поранешната шампионка од Светскиот куп, Ана Фајт ќе оди на операција на коленото поради кое нема да настапи до крајот на сезоната

објавено: 24 февруари 2017 - 18:15

Фајт, која е попозната по своето моминско презиме Фенингер, се врати на скијањето во декември по 14 месеци пауза поради друга повреда на коленото.

27-годишната Фајт, која победи во супер-џи, а освои сребро во велеслалом на Олимпијадата во Сочи во 2014, ќе оди на операција на левото колено во клиниката во Салцбург. Фајт исто така има две титули од Светскиот куп во 2014 и 2015 и е трикратна светска шампионка.

„Оваа операција е единствената можност да скијам без болки. Ќе одам на операција бидејќи сакам да ја продолжам кариерата“, вели Фајт, која се надева на настап на Олимпијадата во Пјеонгчанг во 2018.

Најново во Други спортови