Фанара ја прекрати сезоната

Францускиот ветеран Томас Фанара ја заврши сезоната од Светскиот куп откако го повреди десното колено на велеслаломот во Вал Д'Изер во неделата

објавено: 6 декември 2016 - 17:00

Фанара објави дека ги скинал лигаментите на коленото и ќе го пропушти Светското првенство во алпско скијање во Сент Мориц во февруари, каде што лани стигна до првата победа од Светскиот куп.

И покрај тоа што се повреди неколку врати пред крајто на трката во Вал Д’Изер, тој успеа да заврши како четврти на трката. 35-годишниот скијач има намера да се врати на скијањето.

„Многу луѓе ме прашуваат дали се откажувам, но тоа сигурно не е случајот. Се гледаме следната сезона“, изјави Фанара.

Најново во Други спортови