ДОКОЛКУ СИТУАЦИЈАТА ВО КОРЕЈА СЕ ВЛОШИ

Франција е подготвена да не патува на Олимпијадата

Францускиот зимски олимписки тим нема да патува на Игрите во Пјеонгчанг, Јужна Кореја во февруари доколку нема гаранции за безбедноста, вели француската министерка за спорт, Лора Флесел

објавено: 22 септември 2017 - 19:35

Неодамна, американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека „целосно ќе ја уништи“ Северна Кореја доколку таа продолжи да се заканува на сојузниците со нуклеарно оружје. Пјонгјанг на ова одговори со закана кон Јужна Кореја и Јапонија.

Токму поради ова Флесел вели дека треба да се биде внимателен.

„Доколку не може да се гарантира безбедноста на француските олимпијци, тогаш ќе останеме дома. За среќа, уште не сме на тоа ниво“, вели Флесел.

Канадскиот олимписки комитет (ЦОЦ) исто така изрази загриженост за безбедноста на своите спортисти, меѓутоа Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) потврди дека нема „резервен план“ за Игрите. 

Најново во Други спортови