ПРЕКИНАТА ШВАЈЦАРСКАТА ПОБЕДНИЧКА НИЗА НА СП

Франција со тимското злато во Сент Мориц

Франција го освои трофејот во тимското натпреварување на СП во Сент Мориц, со 8 илјадити делови од секундата пред фантастичните Словаци

објавено: 14 февруари 2017 - 14:40

Словачка успеа да ги елиминира Германија, Швајцарија и Италија на патот до финалето, но на крајот не можеа против францускиот квартет Теса Ворлеј, Алексис Пинтуро, Адели Бо Муњие и Матју Февр, додека бронзениот медал отиде кај Шведска.

Во шокантна трка, актуелните шампиони Австрија беа поразени во четврт-финалето од Шведска, откако Марсел Хиршер потфрли и загуби и во претходните рунди против Белгиецот Дрис ван дер Бреке и Швеѓанецот Андре Мирер.

Словачка пак, успеа да ја победи Германија, откако Матеј Фалат го шокираше Феликс Нојројтер за 3:1 победа. Со Германија и Австрија во аут, Швајцарија беше фаворит заз победа, но тие загубија од Словачка, а потоа и од Шведска со 3:1 во дуелот за бронза.

Мешаниот тимски натпревар е на програмата на СП во 2011 во сегашниот формат со паралелен слалом, а ќе дебитира на Олимпијадата следната година во Пјеонгчанг, Јужна Кореја.

Најново во Други спортови