АМЕРИКАНЕЦОТ ТРГНУВА ВО АКЦИЈА, НО НЕОЧЕКУВАНА

Фрапантно враќање од пензија: Мејведер објави против кого ќе се бори (ВИДЕО)

Флојд Мејведер-Јуниор, непоразениот американски боксер, објави враќање во рингот, и тоа какво...

објавено: 5 ноември 2018 - 15:30

Мејведер ќе се бори во Јапонија на „Стара година", против непоразениот кик-боксер Теншин Насукава. Уште не се знае под кои услови и по кои правила ќе се одржи борбата помеѓу нив двајцата-непоразени во своите кариери.

Тоа ќе биде второто враќање на 41.годишниот боксер од пензија. Првиот пат се врати минатата година кога го нокаутираше УФЦ борецот Конор Мекгрегор, за своја јубилејна 50. победа во кариерата.
„Ризин", јапонската боречка организација објави дека борбата ќе се одржи по посебни правила.

„Организацијата 'Ризин' работи сјајна работа. Ова во Саитама е мојот почеток со нив, но верувам дека не е крај"- порача Мејведер.

Последните денови најмногу се зборуваше за потенцијалната борба помеѓу Мејведер и Хабиб Нурмагомедов. Но евидентно е дека Американецот има други планови во овој момент.  

Најново во Други спортови