ЈА РАСТУРИ КОНКУРЕНЦИЈАТА ВО НЕВЕРОЈАТНИ ОКОЛНОСТИ

Фрум направи чудо на Џиро

Британецот се одвои на дури 80 километри пред целта и планинската етапа ја заврши со три минути предност во однос на вториот

објавено: 25 мај 2018 - 17:32

Крис Фрум ја освои денешната етапа на Џиро Италија со дури три минути предност пред вториот Ричард Карапаз, и го презеде водството во генералниот пласман. Ова што го направи Фрум денеска се граничи со чудо и лудост, бидејќи тој се одвои од конкурентите на дури 80 километри пред целта и извозе соло трка во која ги уништи сите.

Сега Фрум е лидер во генералниот пласман со 40 секунди пред Том Думулан, а останатите се далеку и без реални шанси да ја надоместат негативата, иако и утрешната претпоследна етапа е планинска и тешка, и во неа може да се смени нешто. 

Најново во Други спортови