На турнирот во Турција

Георгиевски освои бронза - сега е уште поблиску до Олимпијадата во Токио 2020 (ФОТО)

Европскиот шампион во олимписки категории Дејан Георгиевски покажа дека е класа борец на денешниот таеквондо турнир Турција опен 2018 од Г-1 турнирите, освојувајќи го бронзениот медал,

објавено: 14 февруари 2018 - 18:50

Европскиот шампион во олимписки категории Дејан Георгиевски покажа дека е класа борец на денешниот таеквондо турнир Турција опен 2018 од Г-1 турнирите, освојувајќи го бронзениот медал, макар што беше многу близу до борбата за златото.

Дејан со крупни чекори се приближува на Олимпските игри во Токио 2020 година.

Георгиевски извојува две победи над Русинот Георги Танделов со 12-5 и Турчинот Каан Килиџ 7-4, а доживеа пораз од светскиот првак Димтри Шокин од Узбекистан со 7-12 во полуфиналето.

Но, според водството на нашите таекводисти, Георгиевски до крајот на борбата имал постојана предност

„Шокин е светски шампион, но мерката му е земена! Со оваа бронза имаме плус бодови за Олимписките игри во Токио 2020", велат тренерите Борче и Дарко Костовски.

„Ова одлично отворање на сезоната. Некогаш Турција опен беше сон, а сега се е поинаку! Од овој Г-1 турнир се вративме со два медала,еден сениорски еден јуниорски. Покажаа одлични борби сите наши натепреварувачи овој Г-1 турнир"

 

Најново во Други спортови