медиумите сѐ позаинтересирани за Македончето

Германската телевизија „РТЛ“ со прилог за „малиот Нинџа“ Воденски! (ВИДЕО)

Десетгодишното чудо од дете, кое има 50-тина победи во повеќе боречки спортови го привлече вниманието на новинарите на познатата ТВ-станица

објавено: 2 март 2016 - 23:49
„Вистинска интернет-ѕвезда“ и „малиот Нинџа“ се дел од епитетите  што ги доби Кристијан Воденски, што живее и тренира во Офенбах, Германија, од регионалното студио во Хесен на познатата РТЛ-телевизија. Новинаркитe Лиза Зиверт и Зимоне Елбинг направија прилог од повеќе од две минути, во кои разговараа со Воденски за неговото секојдневние, амбиции и соништа, како и со неговиот татко и тренер, Ванчо Воденски, а кон пофалбите се приклучи и професионалниот борач Даниел Вајхел.
 
„Овој (белиот - н.з.) го освоив најлесно, и овој го добив лесно, а другите потешко,“ вели Кико, покажувајќи ги своите победнички појаси од кои најдрагоцени му се петте од НАГА-конкуренцијата за деца.
А откако направи „стој на глава“ го кажа и својот сон:
 
„Сакам да се борам за титулата во САД, како Конор Мекгрегор,“ ефектно заврши малиот Кико како што ефектно ги завршува неговите борби.

Воденски е сестран борач во повеќе вештини - граплинг или бразилско џиу-џицу, кик-бокс, таеквондо, борење (грчко-римски и слободен стил), а се испроба и во бокс. Тој одби понуда за германско државјанство зашто сака да се бори на некои олимписки игри под знамето на - Македонија! Неговата фан-страница на Фејсбук има речиси 50.000 фанови.
Родителите на Кристијан се родум од беровско Русиново и од Струмица, а живеат во Германија.
 
RTL TV

RTL Newswww.olimp.dewww.century-europe.eu

Posted by Christian Vodenski Fighter on Tuesday, March 1, 2016

Најново во Други спортови